Познати термините за четврт-финале, отвораат Франција и Бахреин

Со завршувањето на натпреварите од групната фаза на машкиот турнир во Токио веќе се познати сите четврт-финалисти, а таму место имаше за осум селекции.

Двојките беа познати веднаш по завршувањето на дуелот меѓу Шведска и Данска, а веќе се познати и термините по кои ќе се играат средбите во вторник.

Програмата се отвора во 2:30 часот, а први на терен излагаат селекциите на Франција и Бахреин и ова е единствениот дуел на кој има фаворит. Тука Французите се во предност, но тоа ќе треба да се оправда на терен.

Потоа следуваат другите дуели, поточно два европски дуели пред четврт-финалето да биде затворено од Германија и Египет.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

ВТОРНИК, 3 АВГУСТ

02:30ч

ФРАНЦИЈА – БАХРЕИН

06:15ч

ШВЕДСКА – ШПАНИЈА

10:00ч

ДАНСКА – НОРВЕШКА

13:45ч

ГЕРМАНИЈА – ЕГИПЕТ