Европската ракометна федерација ги потврди термините, саатниците и официјалните лица за натпреварите од второто квалификациско коло од Лигата на Европа меѓу Бутел Скопје и австрискиот вицепрвак Алпла Хард.
Првиот меч е на програмата на 27 септември во Хард со почеток во 18:45 часот. Судиите доаѓаат од Исланд – Петурсон и Трастарсон, додека делегат е од Чехот Новак.
Реванш натпреварот по кој ќе биде познат патникот во групната фаза ќе се игра на 4 октомври во Скопје со почеток во 18:45 часот.
Судии на овој натпревар ќе биде Бугарите Јовчев и Јончев, додека делегат ќе биде Гркот Мелмаридис.
Првиот македонски претставник во ова натпревар – Еурофарм Пелистер 2, беше елиминиран токму од Алпла Хард, додека Еурофарм Пелистер на 6 октомври ќе ги очекува ривалите во групите.