Ракометарите на Вардар со поразот од Нексе, 25-26, го обезбедија деветтото по ред учество на завршните турнири во регионалната СЕХА лига.
Собирот на најдобрите четири екипи во оваа конкуренција ќе биде во хрватскиот град Задар од 4 до 6 септември.
Веќе се познати полуфиналните двојки и саатниците за натпреварите. Во првото полуфинале на 4 септември ќе играат Веспрем и Мешков Брест од 18:00 часот, додека Вардар и Загреб ќе се сретнат истиот ден од 20:30 часот.
На 6 септември во истите термини ќе бидат одиграни натпреварите за трето место и финалето.