Сениорската репрезентација на Македонија во првиот бараж натпревар за Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Полска и Шведска, за противник ја има незгодната селекција на Романија.
Првиот дуел меѓу Македонија и Романија ќе се одигра на 17 март во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 19:00 часот.
Судиите од Словенија, Бојан Лах и Давид Сок ќе ја делат судиската правда на првата пресметка со Романија, додека делегат ќе биде Клаус Конвентц од Белгија.
На реванш натпреварот, кој ќе се одигра во Букурешт на 19 март, судии ќе бидат Роберт Шулце и Тобијас Тонис од Германија. Хрватот Јосип Посавец ќе биде делагат на овој натпревар. Романија ќе ја пречека Македонија во терминот од 17:00 часот.
Победникот од овој двобој ќе игра против Чешка во вториот бараж, а победникот од тој дуел ќе обезбеди виза за Мундијалот во 2023 година.