Европската ракометна федерација ги објави составите за првиот натпревар од третото коло во Европскиот Куп меѓу Ѓорче Петров и австрискиот Румс Јагс.
Македонскиот шампион ќе истрча на терен со најсилниот состав со кој располага, бидејќи и Теодора Дукоска се врати на терен по повредата.
Гостинскиот тим во ростерот ќе има 14 ракометарки, меѓу кои се три голманки. Од оние што ќе играа најопасна е десниот бек Мелани Кротвохл.
Во Скопје не допатуваа искусната голманка Елизабет Хербст, пирот Ким Гандер и левото крило Лиза Нојмајстер.
Австрискиот тим формално е домаќин на оваа прва средба, а таа ќе се игра вечерва од 18:00 часот во Автокоманда.