Женската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот од 5. коло во ЕХФ Евро Купот против селекцијата на Норвешка.
Европскиот и светски првак гостува без главните ракометарки, но и покрај тоа останува фаворит на хартија.
Во македонскиот ростер по подолго време се враќа левиот бек Марија Штериова од Глорија Бузау, а исто така и голманката на австрискиот Егенбург, Матеја Серафимова.
Надвор од комбинација за оваа средба останаа Ива Младеновска, Александра Коловска и Марија Јовановска, а шанса ќе има за Јована Кипријановска, Бојана Коцева, Ивана Арсениевска, Теодора Дукоска, Андреа Седлоска…
Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:30 часот.