ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Со Петковски, Шулески, Узунчев…Македонија оди по злато во Рига!

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра финалето на ЕХФ шампионатот во Летонија против селекцијата на Швајцарија.

Селекторот Раде Стојановиќ за финалниот дуел смета на истите ракометари што играа и против Луксембург во полуфиналето.

Надвор од составот одново остана левото крило Дамјан Субашевски, како и десниот бек Димитар Узунчев, кој поради повреда не е во можност да биде на ракометните терени.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра во „Олимписки центар“ во Рига од 16:00 часот, а ќе го судат Естонците Харгин и Макеев.