Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го одигра натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите против шведскиот тим Савехоф.
На првиот меѓусебен дуел во Шведска, нашиот тим водеше и со пет голови разлика, но на крајот остана со празни раце.
Никола Маркоски се враќа во ростерот на тимот предводен од Стевче Алушовски, а ќе отсуствуваат само повредените Невен Стјепановиќ и Милорад Кукоски.
Гостите допатуваа само со 13 играчи во Битола, но тука се главните стрелци, па „фармацевтите“ нема да имаат лесна задача.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Савехоф се игра денеска со почеток во 17:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.