Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот предизвик на Европското првенство.
Ривал на македонските репрезентативки ќе биде олимпискиот првак Франција во натпревар во кој „триколорките“ се големи фаворити.
Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски од 19 ракометарки, кои ги имаше на располагање, за дуелот против Франција одбра 16.
За денешниот натпревар отпаднаа Марија Гугуљанова, Александра Коловска и Матеа Чурлиновска.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција стартува од 18:00 часот, а се игра во СЦ „Борис Трајковски“.