ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци со 15 ракометари, отпаднаа Гедбан, Радивојевиќ, Василев…

Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Битолчани на гостински терен во Данска ќе му се спротистават на Алборг и ќе се обидат да пружат добра партија.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, го одреди составот за дуелот со Алборг.

Против Алборг ќе играат 15 ракометари, а во Битола останаа голманот Калифа Гедбан, Павле Атанасијевиќ, Денис Василев, Богдан Радивојевиќ и Руди Сери.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Шпаркасен Арена“ со почеток од 20:45 часот.