Европската ракометна федерација ги објави составите на Еурофарм Пелистер и Колстад пред вечерашната пресметка во Лигата на шампионите.
Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, се реши за овој натпревар да ги изостави браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Марко Кизиќ и Емилијан Ѓорговски.
Како што однапред беше најавено, кај Колстад ќе отсустува десниот бек Магнус Род, но тука се другите ѕвезди – Сагосен, Јоханесен, Бергеруд, Гудјонсен…
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.