Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра првиот натпревар од Президент Купот на Светското првенство 2023.
Денешен ривал на Македонија ќе биде незгодната селекција на Алжир, која во групната фаза беше поразена од Србија, Катар и Германија.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров ги одбра 16-те играчи со кои ќе брка прва победа на Мундијалот.
Свој деби настап на големите натпреварувања ќе има членот на Еурофарм Пелистер 2, Петар Атанасијевиќ. Во игра ќе биде и Мијајло Младеновиќ, кој не настапи на претходниот дуел со Аргентина.
За денешниот дуел против Алжир во игра нема да бидат Томислав Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ поради повреда, додека од комбинација отпадна кружниот напаѓач Костадин Петров.
Состав на Македонија: Мартин Томовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевси, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Никола Маркоски, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Михајло Младновиќ, Давид Савревски, Мартин Серафимов.
Натпреварот меѓу Македонија и Алжир ќе започне со почеток од 15:30 часот.