Репрезентацијата на Македонија вечерва го го игра третиот натпревар од групната фаза на Светското првенство за кадетки.
Последен ривал од групната фаза на избраничките на Љубомир Савевски е репрезентацијата на Иран, која исто како и Македонија, обезбеди место во главната рунда.
За натпреварот против Иран се враќа Ива Младеновска, која го пропушти дуелот со Узбекистан, додека деби настап на кадетскиот Мундијал ќе има Дона Маркоска од ракометната школа на Сани.
Натпреварот меѓу Македонија и Иран ќе започне со почеток од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.