По двата меча со полскиот вицепрвак Висла Плоцк, ракометарите на Металург ги чека нов дуел од Лигата на Европа.
Противник е рускиот шампион Чеховски Медведи, кој дојде во Скопје по триумфот над австрискиот Фиверс.
Стратегот Оливер Димитриоски ќе смета на Златко Хорват, Мице Шилегов и Марко Тарабокија во однос на претходните натпревари, а Лазаревски и Тодески сè уште не се подготвени за настап.
Кај „мечките“ ќе недостига Александар Ермаков, кој се повреди на претхдониот двобој во Лигата на Европа. Натпреварот меѓу Металург и Чеховски Медведи се игра вечерва од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.