Селекторот на женската репрезентација, Љубомир Савевски, се реши за две измени во ростерот на Македонија за вториот натпревар од ЕХФ Евро Купот.
Во составот на нашата селекција ќе бидат левото крило Сара Миновска и десното крило/бек Теодора Дукоска.
Тие се во ростерот на местата на Емилиjaна Ризоска и Александра Коловска.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:30 часот.