ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Савевски направи три измени за дуелот против „лалињата“

Репрезентацијата на Македонија денес во рамки од 2. коло од Европското првенство за противник ја има Холандија, која во 2019 година го освои златото на Светското првенство во Јапонија.

Избраничките на Пер Јохансон во првото коло триумфираа против романската репрезентација и со евентуална победа против Македонија ќе обезбедат пласман во главната фаза на континенталниот собир.

Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски го одбра тимот за денешниот дуел против „лалињата“.

Свој деби настап на Европското првенство ќе имаат Марија Гугуљанова, Александра Коловска и Матеа Чурлиновска, кои не настапија на првиот дуел.

Од комбинација за настап против Холандија отпаднаа Анастасија Николовска, Ива Божиноска и Марија Јовановска.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.