Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Романија.
Јулијана Дамчевска и нејзиниот стручен штаб немаат многу избор, бидејќи во Романија заминаа со 17 ракометарки, а во меѓувреме се повреди Коловска, па истите 16 од дуелите со Црна Гора и Данска ќе играат и против Чешка.
Победа на овој дуел ќе значи многу и ќе ја доближи Македонија до разигрување од 9 до 12 место, а пораз многу веројатно ќе значи и разигрување од 13 до 16 место, иако претстојат уште две средби со трето и четвртопласирана селекција од групата Ц.
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра денеска во Миовени со почеток во 14:15 часот, а судии ќе бидат Естонците Кул и Тинт.