ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со истите 16 ракометарки, Данска ја има опасната Скалионе

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар на Европското првенство во Романија.

По поразот од Црна Гора, денеска ривал на избраничките на Јулијана Дамчевска ќе биде светскиот вицепрвак Данска.

По повредата на Коловска, Македонија остана со 16 ракометарки во Романија и со истите од вчерашната средба ќе настапи и против Данска.

Нема промени ниту во ростерот на Данска во споредба со вчерашниот дуел со Чешка, а најмногу внимание ќе треба да се обрне на левиот бек Џули Матиесен Скалионе.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра денеска од 16:30 часот, а ќе го судат Сирбу и Сердиук од Молдавија.