Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од групата за разигрување за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Романија.
Македонскиот стручен штаб ги има на располагање истите 16 ракометарки што беа и на претходните натпревари.
Повредата на Александра Коловска на последните контроли беше сериозен хендикеп за Македонија, а само 17 ракометарки заминаа за Романија па нема можност за промени во ростерот.
Следен ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Норвешка, која едвај ја победи Србија со еден гол во групната фаза, а загуби од Франција и Унгарија на убедлив начин.
Мечот меѓу Македонија и Норвешка се игра денеска во Миовени со почеток во 12:00 часот.