ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров со една промена – еве кои ракометари ќе играат против Литванија

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026.

Ракометарите на Македонија за втор ривал ја имаат репрезентацијата на Литванија, која со пораз од Словенија го стартуваше квалификацискиот циклус.

Селекторот Кире Лазаров за овој натпревар за овој натпревар реши да направи една промена, па шанса на местото на Мартин Томовски, ќе добие Иван Галевски.

Надвор од комбинација останаа Цветан Кузманоски, Михајло Младеновиќ и Давид Савревски.

Натпреварот меѓу Литванија и Македонија ќе се одигра со почеток од 17:00 часот.