Тимот на Еурофарм Пелистер вечерва го игра натпреварот од шестото коло во Лигата на Европа против португалскиот Спортинг Лисабон.
Битолчани ќе настапат со истиот состав во споредба со првиот меѓусебен двобој, а повторно во ростерот нема да бидат Мирко Радовиќ, како и Филип Ивановски и Дејан Кукуловски.
Кај гостите има две промени во составот. Во Битола не допатуваа тунискиот голман Белкаид и шпанското лево крило Ортиз. Тренерот Коста дополнително вклучи само еден нов играч – 19-годишното лево крило, Рамиреш Фернандеш.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.