Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ги очекува реванш натпреварот против Нексе Нашице од осминафиналето во Лигата на Европа.
Битолчани ќе бркаат три гола негатива, бидејќи загубија со 29-26, а тоа ќе го прават со помошта на капитенот Јосип Периќ.
Во ростерот го нема средниот бек Марио Танкоски, а другите ракометари се истите што играа и на првиот натпревар во Нашице.
Кај Нексе во ростерот се враќа искусниот среден бек Јанко Кевиќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.