Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат четвртиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.
Стратегот Ларс Валтер направи две измени во ростерот во споредба со претходниот меч со Фуксе Берлин.
Една е принудна, бидејќи Руди Сери е повреден и ќе мора на пауза. Во Битола остана и десното крило Никола Стоилевски, а место нив двајца во составот за Мотор се десниот бек Усама Хосни и левото крило Бојан Маџовски.
Натпреварот меѓу Мотор и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 18:45 часот во Диселдорф.