Ракометарите на Еурофарм Работник ги чека натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите против португалскиот вицепрвак Спортинг Лисабон.
Алушовски нема да смета на десниот бек Невен Стјепановиќ, кој ги скина лигаментите, а во ростерот не се ниту Милорад Кукоски и Никола Маркоски. Ги нема ниту Марин Вегар и Градимир Чаневски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Спортинг Лисабон се игра денеска од 19:30 часот, а веќе се познати и составите на двете екипи.