Составите на Вардар и Келце денеска од 17:30 часот ќе ги одмерат силите во рамки на 7. коло од Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ се домаќини на овој дуел и од нив се очекува да дојдат до уште еден триумф иако сите добро знаат дека ќе биде многу потешко отколку на натпреварот против Мешков Брест.
Вардарци денеска ќе имаат можност и да играат против своите поранешни колеги Карачиќ и Душебаев, па овој дуел ќе има и една сосема поинаква димензија.
Тренерот Кокшаров ќе може да смета на услугите на десниот бек Даинис Кристопанс, кој го превитка зглобот на дуелот против Војводина.