ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со една промена, кај Веспрем ќе играат истите од Скопје

Ракометарите на Вардар вечерва го играат многу веројатно последниот европски натпревар за оваа сезона.

По поразот на домашен терен од Веспрем со 22-30, на Вардар ќе му биде потребно да направи чудо за да се пласира во четвртфиналето.

Во ростерот на македонскиот шампион има само една промена, на местото на Борко Ристовски е Васил Гогов, додека кај Веспрем ростерот е ист како во Скопје.

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра вечерва во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.