Ракометарите на Вардар вечерва го играат многу веројатно последниот европски натпревар за оваа сезона.
По поразот на домашен терен од Веспрем со 22-30, на Вардар ќе му биде потребно да направи чудо за да се пласира во четвртфиналето.
Во ростерот на македонскиот шампион има само една промена, на местото на Борко Ристовски е Васил Гогов, додека кај Веспрем ростерот е ист како во Скопје.
Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра вечерва во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.