Европскиот шампион Вардар денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар годинава во Лигата на шампионите, а „црвено-црните“ гостуваат во Белорусија кај екипата на Брест Мешков.
За денешниот дуел во редовите на македонскиот тим се враќа десниот бек Даинис Кристопанс, додека ќе го нема Кристијан Дисингер.
Иако тој отпатува со екипата, сепак нема да може да им помогне на соиграчите во тешката битка. Во Скопје од претходно останаа Сергеј Горбок и Хозе Толедо.
Во првиот меѓусебен дуел сезонава во ЛШ победи Вардар со 36:31 во Скопје.