Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го пречекуваат тимот на Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во втората првенствена пресметка за оваа сезона.
Ова е натпревар од 15. коло кој дефинитивно ќе го даде одговорот за првото место на табелата и сигурно ќе биде натпревар со 60 минути тензија.
Вардарци немаат право на грешка, а на овој дуел се без Веселин Вујовиќ, кој од пред неколку дена повеќе не е на позицијата тренер. Нив ќе ги води Владо Недановски, а во ростерот не се Французите Диало и Кевин Њокас, како и Анте Кудуз и полските интернационалци Чувара и Валчак.
Кај Еурофарм Пелистер, тренерот Жељко Бабиќ, се одлучи за стандардниот состав и не смета на Филип Ивановски, Реине Табоада и Мирко Радовиќ, додека останатиот дел од составот е оној стандардниот.
Еурофарм Пелистер: Секељ, Кизиќ, Маџовски, Ојлески, Божиќ Павлетиќ, Костески, Мараш, Велковски, Обрадовиќ, Мандалиниќ, Кукуловски, Танкоски, Периќ, Граџан, Маркоски, Кукоски.
Вардар: Томовски, Ристовски, Карапалевски, Ѓукиќ, Георгиевски, Дибиров, Атанасовски, Тото, Стоилов, Моралес, О. Њокас, Гаџа, Крстевски, Талески, Мишевски
Средбата почнува во 18:00 часот.