Ракометарите на Вардар денеска ќе имаат натпревар во 11. коло во Групата А против составот на Монпелје кој е лидер. Ова е тешко гостување за „црвено-црните“ кои се на 7. позиција и мораат да освојуваат бодови до крајот од сезоната доколку сакаат да стигнат до пласман во елиминациите.
Монпелје ќе биде фаворит на денешната средба, па на вардарци е да се покажат во што е можно подобро издание и да одиграат најдобро што можат.
Вардар нема да смета на голманот Борко Ристовски и средниот бек Анте Гаџа, како и на Марко Мишевски, додека во ростерот се Стефан Крстевски и Мартин Карапалевски.
Ова е прв натпревар во ЛШ под водство на Давид Дејвис и ќе треба да се покаже колку е голем напредокот во играта.
Натпреварот Монпелje – Вардар се игра од 18:45 часот.