Македонскиот вицепрвак денес на гостувањето во Шпанија кај Бидасоа ирун ќе се бори за трет европски триумф во новата натпреварувачка сезона од Лига на Европа.
Стратегот Ларс Валтер смета на 15 ракометари, а само една промена во однос на претходниот меч ќе биде отсуството на Вилсон Дејвис.
Во домашниот состав ќе бидат легендарниот Шпанец Хулен Агинагалде, како и некогашниот десен бек на битолскиот тим, Михајло Митиќ.
Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер ќе започне со почеток од 20:45 часот.
Судии на овој натпревар ќе бидат Рауф Гасми и Карим Гасми од Франција. Делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Антонио Гулао од Португалија.