Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на ЕХФ шампионатот во Варна во нашиот источен сосед.
Избраниците на Бранко Ангеловски на првиот меѓусебен натпревар во групната фаза одиграа 23-23, а денеска двете селекции ќе се борат за петтото место.
Составот е истиот што настапи на натпреварите против Швајцарија од групата и против Луксембург во разигрувањето.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра од 12:00 часот, а финалето меѓу Израел и Романија ќе се игра од 17:00 часот.