Машката репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година.
Ривал на Македонија ќе биде составот на Турција, која лесно беше совладана на првиот квалификациски меч со 36:27.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров го одреди ростерот за последната пресметка од квалификациите за континенталниот собир. Денеска надвор од комбинација остана капитенот Никола Митревски, додека во составот се враќа Мартин Томовски. Нема да играат ниту Едвин Омерагиќ, Павле Атанасијевиќ и Давид Савревски.
Македонија со победа над Турција ќе го завери второто место во квалификациската група.
Дуелот меѓу Македонија и Турција ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 18:00 часот.