Раководството на Балтичката лига ги објави сите учесници во натпреварувањето за новата натпреварувачка сезона 2022/23.
Во новата сезона во Балтичката лига ќе учествуваат 12 тимови. Естонија ќе има пет претставници, Литванија четири, додека Летонија ќе партиципира со три претставници.
Екипите се поделени во две групи врз основа на нивниот пласман во претходната сезона. Во групата А ќе се натпреваруваат екипите на Виљанди и Мистра од Естонија, потоа Драгунас и Гранитас од Литванија и екипите од Летонија, Огре и Земесарџе.
Групата Б ја сочинуваат екипите на Полва Сервити, Талин, и Тапа од Естонија, Амбер и Свиеса од Литванија и Добеле од Летонија.
Најдобрите четири екипи од секоја група ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, а потоа победниците од четвртфиналните дуели ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот.
Стартот на новата сезона во Балтичката лига е предвиден да започне на 24 септември. Ф4 турнирот ќе се одржи на 15 и 16 април. Актуелен бранител на титулата е екипата на Виљанди.