Меѓу патниците за Каиро се најдоа дебитантите Павле Атанасијевиќ, Кристијан Симоноски и Марко Митев.
Машката сениорска репрезентација на Македонија патува за Египет со 19 ракометари, а во тимот со кој Лазаров ќе игра против составот предводен од Роберто Парондо ќе има и тројца дебитанти.
Во последен момент падна одлуката во Скопје да останат голманот Градимир Чаневски, левото крило Петар Атанасијевиќ и десниот бек Томислав Јагуриновски. Последниот од оваа тројца остана во Скопје поради повреда на зглобот.
Ова значи дека во тимот се најдоа тројца ракометари кои ќе дебитираат за А-репрезентацијата. Еден од нив е младински репрезентативец, а станува збор за Кристијан Симоноски, додека другите беа дел од кадетската репрезентација на последниот ЕХФ шампионат во Скопје, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ.
Има неколку млади ракометари, но сите веќе го имаат одиграно деби натпреварот за Македонија.
Ќе бидат одиграни два натпревари. Дуелите се предвидени за петок и сабота во 18 часот.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ ЕГИПЕТ
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски
ЛЕВИ КРИЛА: Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски
ЛЕВИ БЕКОВИ:Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ
СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Мартин Серафимов
ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Ненад Костески
ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Кристијан Симоноски