Познати се четвртфиналните двојки во дивизија Исток од СЕХА лига

Со натпреварот меѓу екипите на Мешков Брест и Машека заврши групната фаза во рамки од дивизијата „Исток“ во СЕХА лигата.

По одиграниот натпревар, кој што заврши со победа на Мешков Брест од 28:22, познати се четвртфиналните двојки.

Екипата на Чеховски Медведи за ривал во четвртфиналето ја доби Машека, додека ЦСКА Москва ќе се соочи со СКА Минск.

Актуелниот шампион на Белорусија, Мешков Брест има лесен пат до полуфиналето, бидејќи за противник го доби Гомел, а амбициозниот тим на Зенит ќе игра против Пермски Медведи.

Победниците ќе обезбедат пласман во полуфиналето, односно место меѓу најдобрите четири екипи.