Заедно со машкиот Ф4 во Охрид, во петок и сабота ќе се играат и натпреварите во женска конкуренција за Куп трофејот. Со ждрепка беа одредени официјалните лица за натпреварите од завршниот турнир во Купот на Македонија.
Финалето во женска конкуренција што ќе се одигра в сабота од 15 часот, ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.
Полуфиналната средба меѓу Металург и Куманово што треба да се игра во петок во 17,30 часот ќе ја судат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски.
Второто полуфинале треба да го судат Лејла Јашар и Михаела Капсарева, меѓу Вардар и Ѓорче Петров.
Сите натпревари од завршницата на Купот на Македонија во двете конкуренции ќе се играат во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Во продажба се и билетите за поединечните мечеви, и за сите дуел одеднаш.
Судиите одредени со ждрепка – еве кој ќе го суди финалето на машкиот Куп