По домаќинот Германија, ТОП 3 селекциите од ЕП 2022 – Данска, Шведска и Шпанија, и од претходно пласираните Франција, Португалија, Австрија, Словенија и Унгарија, уште седум селекции по 5 коло од квалификациите обезбедија место на континенталниот собир во 2024 година.
Станува збор за Хрватска, Чешка, Исланд, Норвешка, Србија, Полска и Швајцарија, па остануваат уште осум слободни места на ЕП.
Македонија само чудо може да ја остави без ЕП. Треба да загуби од Турција со повеќе од девет гола разлика, а потоа во зависност од другите резултати, да не биде ниту меѓу најдобрите четири третопласирани, што е тешко за верување дека ќе се случи.
Покрај Македонија, блиску до место на ЕП се селекциите на Холандија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Фарски Острови, Романија…
Натпреварите од шестото и последно коло од квалификациите за ЕП 2024 ќе се одиграат во недела, па ќе биде познати сите патници и шеширите пред ждрепката за групите на 10 мај.