Познати првите четврт-финални двојки: Данска против Бразил, Шпанија против Германија

Со одигрувањето на последните дуели од групите 3. и 4. од втората фаза на Светското првенство во Шпанија станаа познати и првите двојки од четврт-финалето бидејќи четирите селекции кои вечерва играа ќе играат и во елиминациите. Данска оди на Бразил, Шпанија на Германија така што ќе биде доста интересно.

Домаќинот Шпанија имаше потешка средба денеска бидејќи се соочи со Бразилките кои беа доста расположени, но не можеа и да направат нешто повеќе со оглед на тоа што во завршницата „фуријата“ го искористи домашниот терен и успеа да стигне до позитивен епилог и победа од 27:24. Шпанките знаеја да останат во предност, па се израдуваа на прво место во Групата 4.

Александрина Кабрал Барбоса беше првиот стрелец на Шпанија во оваа победа со седум погодоци, додека четири имаше Алисија Фернанде Фрага. Во Бразил, Квинтино заврши со шест, а Де Паула со пет гола.

Данска, имаше полесен дуел против Германките бидејќи рано успеа да создаде голема предност и постојано ја чуваше. Конечните 32:16 се доволен показател како се одвиваа работите, а ова беше главно сработено во второто полувреме. На паузата резултатот беше 13:8, но во вториот дел Данска имаше комплетна доминација.

Хаугстед, Хојлунд и Јоргенсен завршија со по пет гола и беа најефикасните во редовите на Данска. Во Германија Гријселс беше прв стрелец со шест гола.

Четврт-финалните дуели се играат во вторник. Саатниците ќе бидат соопштени дополнително, а јасно е дека Данска ќе мора против Бразил за место во полуфиналето, додека Шпанија ќе игра со Германките. Другите две двојки од четврт-финалето ќе бидат познати утре.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ЖЕНИ

ВТОРА ФАЗА, РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА 3

КОНГО – ЧЕШКА              21:24 (11:11)

ЈУЖНА КОРЕЈА – УНГАРИЈА       28:35 (15:18)

ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА                32:16 (13:8)

ТАБЕЛА: 1. Данска 10 бода (159:90); 2. Германија 8 (138:123); 3. Унгарија 6 (140:134); 4. Јужна Кореја 4 (148:156); 5. Чешка 2 (114:145); 6. Конго 0 (102:153).

ГРУПА 4

АРГЕНТИНА – ЈАПОНИЈА             27:31 (14:15)

АВСТРИЈА – ХРВАТСКА                27:23 (15:10)

ШПАНИЈА – БРАЗИЛ     27:24 (12:10)

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 10 бода (142:105); 2. Бразил 8 (145:127); 3. Јапонија 6 (142:140); 4. Хрватска 2 (125:134); 5. Австрија 2 (136:155); 6. Аргентина 2 (112:141).