Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за претстојниот Ф4 турнир во кадетската женска лига.
Актуелниот бранител на титулата, екипата на Стружанка, откако во четвртфиналето го елиминираше Вардар, за ривал во финалето го доби Делчево Вардар.
Тимот на Ѓорче Петров во второто полуфинале силите ќе ги одмери со градскиот ривал Скопје.
Организаторот на завршниот турнир кај кадетките треба да биде наскоро познат.
Завршниот турнир во ланската сезона го организираше екипата на Стружанка, која во финалето славеше над Вардар.
Полуфиналните натпревари, финалето и натпреварот за трето место се предвидени за 27/28 мај.