Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекување на паровите од првата рунда во Купот на Македонија.
Ждрепката беше полудиригирана и на стартот ќе се соочат суперлигаши против прволигаши и ќе одиграат по еден натпревар.
Бранителот на трофејот Вардар стартува против Мулти Есенс, додека Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Текстилец.
Победниците од овие елиминациски натпревари (16 екипи) ќе се натпреваруваат во четвртфинални групи и ќе бидат поделени во 4 групи по 4 екипи.
Натпреварите ќе се одиграат на 10/11 декември.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
Тиквеш – Кичево
Јуниор КВ – Драчево
Алкалоид – Астраион
Голден Арт – Овче Поле
Аеродром – Пролет
Младост Богданци – Охрид
Скопје – Бисинов
Радовиш – Преспа
Вардар – Мулти Есенс
Еурофарм Пелистер – Текстилец
Јехона – Бутел Скопје
Струга – Македонија Ѓорче Петров
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
Куманово – Голден Арт 2
Прилеп – Металург РА