Познати новите термини за натпреварите меѓу Вардар и ПИК Сегед!

Поради ширењето на коронавирусот низ светот, Европската ракометна федерација донесе одлука да ги одложи сите натпревари што требаше да се играат во април и мај.

Вардар и ПИК Сегед требаше да се соочат на 22 март во Скопје и на 29 март во Сегедин, но сега тие натпревари добија алтернативни термини.

Првиот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ би требало да се одигра на 3 или 4 јуни, додека реваншот во градската сала во Сегедин би требало да биде на 6 или 7 јуни.

Доколку нема услови за игра и тогаш, натпреварите ќе бидат откажани најдоцна на 15 мај.

Екипата што ќе биде победник во овој двобој, четвртфиналните натпревари ќе ги одигра на 24 или 25 јуни, како и на 27 или 28 јуни.