Најголемиот спортски настан што требаше да се одржи оваа година беа Олимписките игри во Токио.
Поради ширењето на коронавирусот низ светот, Интернационалниот Олимписки Комитет, реши да го одложи овој настан и го презакажа за следната година.
Името сепак ќе остане ОИ Токио 2020, локацијата исто така останува иста, а само ќе има промена на датумот.
Претседателот на ИОК, Томас Бах и јапонскиот премиер, Шинзо Абе се договориле ОИ да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.
Ова беше првото одложување на ОИ во долгата традиција, а Јапонија доживеа голем удар затоа што за организација потроши 13 милијарди долари.