Светското првенство за жени 2021 година ќе се одржи во Шпанија во стандардниот термин во последниот месец од годината.
Мундијалот ќе се игра од 2 до 19 декември, а ждрепката за групите се одржа во еден од градовите домаќин на турнирот, Кастелон.
На оваа Светско првенство за првпат ќе настапат вкупно 32 репрезентации, но се уште не се познати сите учесници.
Азиските и американските репрезентации треба допрва да ги одиграат квалификациските турнири после кои ќе се знаат сите селекции учеснички.
Најинтересно би требало да биде во групата А, каде што Црна Гора ќе се соочи со незгодната Ангола, олимпискиот првак Франција, како и Словенија која е предводена од Драган Аџиќ.
ГРУПА А
- СЛОВЕНИЈА
- АНГОЛА
- ЦРНА ГОРА
- ФРАНЦИЈА
ГРУПА Б
- ПОЛСКА
- КАМЕРУН
- СРБИЈА
- РУСИЈА
ГРУПА Ц
- АЗИЈА 4
- АЗИЈА 3
- РОМАНИЈА
- НОРВЕШКА
ГРУПА Д
- АЗИЈА 5
- СЕВЕРНА АМЕРИКА/КАРИБИ
- ШВЕДСКА
- ХОЛАНДИЈА
ГРУПА Е
- СЛОВАЧКА
- ЧЕШКА
- УНГАРИЈА
- ГЕРМАНИЈА
ГРУПА Ф
- КОНГО
- ТУНИС
- АЗИЈА 1
- ДАНСКА
ГРУПА Г
- ЈУЖНА/ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА 3
- ЈУЖНА/ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА 1
- АЗИЈА 2
- ХРВАТСКА
ГРУПА Х
- АЗИЈА 6
- ЈУЖНА/ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА 2
- АВСТРИЈА
- ШПАНИЈА