На денешниот конгрес на Европската ракометна федерација во Виена, беа доделени организациите на претстојните континентални шампионати.
Кај мажите, Европското првенство во 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, додека она во 2028 година ќе биде во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Кај дамите, континенталниот собир во 2026 година ќе се одржи во Русија, додека во 2028 домаќини на ЕП ќе бидат Данска, Шведска и Норвешка. Од ЕП во 2024 година, и тука бројот на учесници се зголемува на 24 репрезентации, па нашата женска селекција ќе има полесен пат да стигне до настап на котинентален собир.
Следната година кај мажите домаќини на ЕП се Унгарија и Словачка, додека кај дамите, континенталниот собир ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора. Во 2024 година, домаќин на машкото ЕП е Германија, а домаќини на женското ЕП се Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Европско првенство, мажи:
2022 година, 13-30 јануари, Унгарија и Словачка
2024 година, 11-28 јануари, Германија
2026 година, 15 јануари-1 февруари, Данска, Шведска и Норвешка
2028 година, 13-30 јануари, Шпанија, Португалија и Швајцарија
Европско првенство, жени:
2022 година, 4-20 ноември, Македонија, Словенија и Црна Гора
2024 година, 28 ноември-15 декември, Австрија, Унгарија и Швајцарија
2026 година, 3-20 декември, Русија
2028 година, 30 ноември-17 декември, Данска, Шведска и Норвешка