Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за претстојниот Мундијал во Данска, Шведска и Норвешка.
Трите домаќини заедно со олимпискиот шампион Франција и поранешниот светски првак Холандија, Германија, Црна Гора и Бразил се најдоа во првиот шешир.
Во вториот шешир се седум европски селекции – Словенија, Шпанија, Хрватска, Романија, Унгарија, Полска и Чешка, плус азискиот првак Јужна Кореја.
Репрезентацијата на Србија и Украина, која ја елиминираше Македонија во баражот за ова СП, се најдоа во третиот шешир, додека во последниот се селекциите што добија вајлд-карти од ИХФ – Австрија и Исланд.
Ждрепката за мундијалските групи ќе се одржи на 6 јули со почеток во 15:30 часот.