По успешната организација на првиот меморијален турнир минатата година, Фондацијата Марко Божиновски, во од 15 до 17 јуни ќе го организира и второто издание.
Во чест на прерано починатиот македонски ракометар Марко Божиновски, на отвореното игралиште во спортскиот центар кој го носи неговото име, ќе играат шест екипи.
Тоа се кадетскиот шампион на Босна и Херцеговина, Коњух Живинице, како и петте македонски претставници – последниот клуб на Божиновски, Бутел Скопје, како и Еурофарм Пелистер, Голден Арт, Алкалоид и Тиквеш.
Екипите ќе бидат поделени во две групи. Првите два дена ќе се играат натпреварите од групната фаза, додека на последниот ден од турнир ќе бидат и дуелите за пласман.