Кон крајот на август во Охрид ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.
Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе учествуваат уште три екипи – шампионот Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Голден Арт.
Додека од странство ќе дојдат српскиот тим Металопластика Шабац, потоа словачкиот Татран Прешов, грчкиот Олимпијакос, како и турскиот Бешикташ.
Денеска беше извршена ждрепката за групите, а веќе е познат и распоредот на натпреварите, па охриѓани ќе имаат можност летово да следат квалитетен ракомет.
Турнир „Крсте Андоновски Усташ“
Група А: Охрид, Бешикташ, Голден Арт, Олимпијакос
Група Б: Еурофарм Пелистер, Металопластика Шабац, Татран Прешов, Бутел Скопје
Распоред на натпревари:
23/08/2023 – среда
11:00 Бешикташ – Голден Арт
13:15 Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје
18:00 Металопластика – Татран Прешов
20:15 Охрид – Олимпијакос
24/08/2023 – четврток
11:00 Металопластика – Бутел Скопје
13:15 Охрид – Голден Арт
18:00 Бешикташ – Олимпијакос
20:15 Еурофарм Пелистер – Татран Прешов
25/08/2023 – петок
11:00 Голден Арт – Олимпијакос
13:15 Татран Прешов – Бутел Скопје
18:00 Еурофарм Пелистер – Металопластика
20:15 Охрид – Бешикташ
26/08/2023 – сабота
11:00 натпревар за седмо место
13:15 натпревар за петто место
18:00 натпревар за трето место
20:15 финале