Денес во Виена беше одржана ждрепката за Светското првенство 2023 во Данска, Норвешка и Шведска.
Црна Хора, Хрватска и Србија минаа лесно на ждрепката и имаат големи шанси за пласман во следната фаза на Мундијалот.
Црна Гора ќе игра во групата Б заедно со Унгарија, Камерун и Парагвај, додека Хрватска се најде во групата А, во која се уште репрезентациите на Шведска, Кина и Сенегал.
Србија доби потешка група, со уште две европски селекции (Данска и Романија), но со оглед на тоа дека за ривал ќе ја има и Чиле, сосема за очекување е дека избраничките на Урош Зорман би биле најмалку трети во својата група.
Словенија доби најтешка група и ќе игра против Исланд, Ангола и светскиот вицепрвак Франција.
Актуелниот бранител на титулата, воедно и ко-организатор на Мундијалот, Норвешка, за ривали ги доби Јужна Кореја, Австрија и Гренланд.
Светското првенство 2023 ќе се игра во периодот од 29 ноември до 17 декември.