Вкупно 12 репрезентации во женска и 14 во машка конкуренција ќе се борат за место на Европското пренство во ракомет на песок кое треба да е одржи во 2021 година. Македонија не се наоѓа меѓу селекциите кои ќе земат учество во овие квлификации.
Репрезентациите кои немаат директно место ќе се натпреваруваат во две земји и тоа Групата А ќе биде во Солун во Грција и Групата Б во Батуми во Грузија. Истото важи и за машка и за женска конкуренција, а разликата е во бројот на земји кои ќе обезбедат пласман на завршницата.
Кај дамите од двете групи пласман ќе има за по четири репрезентации додека кај мажите од Групата А која има осум репрезентации пласман ќе има за пет, а од Групата Б од шест на ЕП ќе завршат четири селекции.
Директен пласман на ЕП кај дамите имаат обезбедено: Шпанија, Унгарија, Холандија, Хрватска, Данска, Грција, Норвешка и Италија.
Кај мажите пласмана на ЕП веќе имаат: Унгарија, Хрватска, Русија, Германија, Данска, Норвешка и Италија.
Во квалификациите кои ќе бидат одигрнаи од 3 до 5 јули годинава, пак, имаше место за 12 селекции кај дамите и 14 кај мажите. Поделени се во две групи, а се играат во различни држави.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ВО РАКОМЕТ НА ПЕСОК
ЖЕНИ
ГРУПА А (СОЛУН): Германија, Португалија, Франција, Швајцарија, Литванија, Литванија, Кипар.
ГРУПА Б (БАТУМИ): Русија, Полска, Украина, Романија, Турција, Грузија.
МАЖИ
ГРУПА А (СОЛУН): Шпанија, Франција, Швајцарија, Португалија, Холандија, Србија, Грција, Кипар.
ГРУПА Б (БАТУМИ): Полска, Украина, Шведска, Романија, Турција, Грузија.